Пред да почнеме со дизајнирање и планирање, сакаме да го разбереме Вашиот бизнис, потреби и очекувања. Во неколку состаноци (или повеќе ако проектот е обемен), ќе земаме белешки и ќе се потрудиме да добиеме појасна слика за проектот, водејќи го процесот според нашето искуство.
Најпрво изработуваме неколку скици за нас кои ни помагаат да разработиме некои идеи за тоа како би можело да изгледа веб сајтот. Овие најчесто ги користиме во тимот за размена на идеи и не ги споделуваме со клиентот, но доколку сакате, можеме да Ве вклучиме и во овој чекор.
Врз основа на скиците, изработуваме макети коишто ја прикажуваат организираноста на веб сајтот во повеќе детаљи. Ги споделуваме со Вас, клиентот, за да одбереме насока. Овде најчесто ќе комуницираме, за да создадеме добра основа.
Одбраната макета се дизајнира во прилагодлив веб сајт во консултации со Вас. Штом стигнеме до последната верзија, веб сајтот почнува да се изработува за различните направи. Сите наши веб страни се изработуваат со напредни основи како интеграција со Google Analytics (за да можете да научите повеќе за вашите посетители), Google Webmaster Tools (за Google непречено да му пристапува на веб сајтот) & поднесување до Google (за да почне сајтот да се појавува во резултатите на Google). Нашите мобилни апликации доаѓаат со интеграција со Fabric (за информации за корисници и проблеми со апликацијата). Доколку се одлучите да го хостирате сајтот со нас, бесплатно вклучуваме инсталација и користење HTTPS за додатна сигурност и приватност за Вашите корисници.
Откако Вие, клиентот, го одобрите отпочнувањето, веб сајтот или апликацијата се пуштаат во употреба. Зависно од Вашите потреби, има неколку начини на кои ова се извршува:
Контактирајте нѐ за бесплатна проценка, без никакви обврски.